„Македонија блокира“ од петок со нови блокади на крстосниците
Нови активности со блокирање на крстосници во скопје во попладневните часови од петок најавува здружението Македонија блокира. Велат причината се уставните измени но и како што велат престојните јавни дебати на т.н експерти кои не работат за македонските интереси. И натаму се бара распуштање на парламентот и нови избори а актуелниот претседател на владата Зоран Заев да не биде премиер. Исто така апелираат до шефот на државата и натаму да остане како што велат на страната на македонските граѓани.

