Македонија бара струја и гас од Бугарија
Владата во потрага по струја и гас од Бугарија за претстојната најтешка зима. Економскиот тим заедно со премиерот Ковачевски денеска им ги презентираа потребите на земјава на бугарските колеги.
Се договориле работни групи од двете земји, од среда да ги прецизираат деталите за договорите, количините и цените за енергенсите. Ковачевски кажа дека средбата се одвивала во духот на добрососедството и решение очекува за помаку од две недели.
Бугарскиот технички премиер Галаб Донев рече дека брзо одговориле на апелот за помош од земјава за предизвиците во енергетиката. Потенцираше дека Бугарија има големи капацитети и за струја и за гас и остави деталите да ги договараат работните групи на двете земји.
На средбата во Бугарија беа и претставници на комората кои веќе побараа мерки за помош од владата за спарвување со високите сметки за струја за да не стават клуч на врата на компаниите.
Цената пак на електричната енергија, но и на гасот на берзите руши рекорди. Се очекуива цената на струјата зимава да стигне и 1.000 евра за мегават час - сума која е и десет пати и повисока од таа што ја плаќаа компаниите пред енергетската криза.