Македонија 19 години во чекалната на ЕУ

Македонија 19 години е заглавена во чекалната на ЕУ. На денешен ден пред помалку од две децении земјава го поднесе барањето за членство во ЕУ.

За власта со поднесувањето на барањето за членство во Унијата, во Даблин пред 19 години, македонската влада избрала европска иднина за земјата, со што и официјално го започнавме нашето патување низ бриселските процедури.