Македонецот Стивен Ивановски кој беше исчезнатиот по пожарот во Швајцарија е пронајден починат
Лоша вест од Швајцарија. Исчезнатиот Македонец, Стивен Ивановски во пожарот во Швајцарија е пронајден починат. Стивен беше еден меѓу исчезнатите во трагичниот пожар што се случи на новогодишната ноќ во познатиот скијачки центар Кран-Монтана.
Неколку часа по несреќата, семејството и блиските пријатели на Стивен објавија апел, во кој бараа било какви информации за 17-годишниот Ивановски. За жал, пожарот што избувна во швајцарскиот бар заврши трагично за младиот македонец. Веста ја потврдија и од Владата.
ВЛАДА НА РСМ
- Има потврда од Берн, телото е идентификувано. За жал станува збор за починато лице. Член на семејството потврдило согласно ДНК. Изразуваме длабоко жалење и сочувство.
На Нова Година, Швајцарија се разбуди со катастрофалната вест за пожар во бар во Кранс-Монтана, во кој загинаа неколку десетици лица, а над стотина беа повредени, од кои многумина сериозно. “Додека жалиме за трагично загубените животи и оддаваме почит на напорите на првите одговори, нашите мисли се со семејствата на жртвите и повредените“, пишуваше на профилот на швајцарската Амбасада во земјава. И Македонија понуди помош да прифати повредени пациенти и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во нашите здравствени установи.
Швајцарската полиција наведе дека во пожарот загинале околу 40 лица, а повеќе од 100 се повредени. Медиумите, пак, објавија дека повеќето од гостите во барот биле на возраст од 15 до 20 години. Меѓу загинатите има луѓе од различни националности, кои, како што наведуваат официјалните лица, ќе бидат потребни недели за да се идентификуваат.

