Македонците во Бугарија мета на омраза: Запален е постер на здружението антички македонци

Непознати сторители ги запалиле и стопиле пластичната реклама на клубот на античките Македонци во градот Гоце Делчев, како и еден постер. На местото на изгореното залепиле мапа на Голема Бугарија.

Претседателот на клубот Иван Гаргавелов го открил направеното вчера на 28 и денес го пријавил во полиција. Тој вели дека е сигурен дека нападот е извршен од бугарските националисти.

Клубот на антички Македонци во Бугарија е една од двете македонски организации што беа регистрирани во 2019 и од тогаш се во процес на одземање регистрација, при што членовите  беа викани три пати во полиција и принудувани да се распишат од клубот.

Во нападите врз клубот на ОМО „Илинден“-ПИРИН во истиот град пред десетина години, полицијата одби да земе било какви мерки.

Во исто време, од бугарското МНР порачаа дека истрагата на обвинителството во Македонија за тоа како се регистрирани клубови во земјава на профашистички личности е против копенхашките критериуми.