Македонците во Албанија бараат од Тирана да ја забрани активноста на фондацијата „Бугарска меморија“

Партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, која ги застапува и заштитува правата на македонската заедница, побара од албанските власти под итно да ја забранат активноста на фондацијата Бугарска меморија од Бугарија, при тоа изразувајќи „длабока загриженост за тековните напори на бугарските власти и споменатата фондацијата да ја асимилираат македонската заедница“. 

Овие активности претставуваат сериозно мешање во внатрешните работи на Албанија, ја поткопуваат етничката толеранција и сериозно ја нарушуваат меѓузаедничката хармонија која отсекогаш била една од највисоките вредности на нашата земја. Конкретно, фондацијата Бугарска меморија, поддржана од различни бугарски структури, е вклучена во корупција на албанските функционери преку донации, со цел да се создаде криминална мрежа која се занимава со асимилација на Македонците во Албанија.  

Инаку Стерјоски предупредува дека  фондацијата Бугарска меморија сега се обидува да влијае и на парламентарните избори на 11 мај 2025 година, со цел преку албанските политички партии да вметне свои претставници во албанскиот Парламент. После активностите на фондацијата во Албанија на последниот попис како Бугари се изјасниле 7957 лица додека 2281 како Македонци. Првпат се случува на попис во Албанија да се попишат лица од бугарска националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин. Во Македонија пак подогле време е забранет влез за Виктор Стојанов, од фондацијата „Македонија“ која се обидува да шири политичка пропаганда во земјава.