Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев

Заедниците на Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, со која тој му одговори на македонскиот премиер Мицкоски за изјавата дека договорот за добрососедство може да се репреговара. 

„Цинизам е претседател на држава во која редовно се кршат човековите права и има толку многу, критики од меѓународните институции за правата на човекот и толку многу пресуди во Судот за човекови права во Стразбур да ги изговори овие зборови. Да, Бугарија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест во годините на демократијата и да – имаше напади врз македонски клубови“, реагираат Македонците во Бугарија. Разликата е, велат тие, што за тоа во Бугарија апсолутно никој не е суден, ниту осуден, ниту казнет.