Македонците најмногу трансакции направиле кон Холандија, Обединето Кралство и Ирска
Македонците преку интернет најмногу купуваат авионски катри и резервираат хотели за сместување, открива анализата на Асоцијацијата за е-трговија. Нов раст на купувањето производи и услуги утврдиле за минатата година во споредба со годината претходно.
- Македонските граѓани во 2024 година со своите платежни картички во странство потрошиле за онлајн пазарење 284,4 милиони евра во 7,4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. Mакедонците во 2024 година потрошиле најмногу пари во Холандија и тоа 41,9 милиони евра, додека во Ирска направиле најголем број на трансакции - 1,37 милиони.