Мајскиот мраз и ниските температури ги опустошија лозовите насади и овошките
Мајскиот мраз и ниските температури ги опустошија лозовите насади и овошките. Најпогодено е Повардарието. Лозарите велат штетата првично се проценува од 20 па и до 100 проценти кај одредени насади.
Оние кои цела зима ги кроеа и подготвуваа нивите денес со неверување гледаат во штетата. Мразот ги изгоре младите ластари во фаза кога тие се најчувствителни.
Градоначалникот на Росоман за тв 24 вели дека првично ситуацијата од терен е алармнатна но уште не се знае колкава е точно штетата.Во текот на денот ќе имаат состанок со комисијата за земјоделие при Општината а деновиве на Советот ќе биде донесена и одлука за елементарна непогода.Никој нема д биде оставен на цедило уверува Крстевски.
Од Министерството за земјоделие велат дека откако Советите ќе прогласат елементарна непогода и ќе формираат комисии кои ќе направат проценка на терен земјоделците ќе бидат обесштетувани согласно поднесените извештаи.
Инаку освен кај лозјето штета има и кај праските. Освен Повардарието погоден е и Делчевскиот регион а штети има и во Преспа поточно низ селата под Галичица, Евла, Болно, Горно Дупени оштетени се и јаболката, сливите, црешите, крушите и дуњите . Она што е аларамнтно е дека помалото домашно производство годинава практично најавува повисоки цени и зголемен увоз кој повторно ќе удри по џебот на граѓаните.

