Мајката на претепаното 4-годишно девојче: Не можев да докажам, па тоа си продолжи до ден денес.

Не можев да докажам па тоа си продолжи до ден денес. Душа ме боли што нема правда за децата. Вака на социјалните мрежи повторно се огласи мајката на 4годишното девојче кое пред неколку денови беше жртва на сурово семејно насилство од страна на нејзиниот татко.

ТВ 24 побара став од социјалните служби за состојбата на децата и дали тие ќе бидат одземени и од мајката, оттаму велат се прави проценка и дека во моментов стручен тим работат со трите малолетни деца. Веднаш по добивање на резултатите ќе се постапува согласно Закон.

Министерство за социјална демографија и млади 

Во моментов, стручен тим составен од психолози, педагози и социјални работници вршат стручно методолошка работа со трите малолетни деца. При што, се зема во предвид што е во најдобар интерес за децата и се постапува и ќе се постапи понатаму согласно законските прописи.

Ова не било прв пат 28 годишниот скопјанец да се однесува агресивно. Според информациите на МВР, во 2024 година имало пријава против него а му било издадено и предупредување. Од ОЈО уште синоќа соопштија дека има трага, а таткото е во притвор 

ОЈО

Имајќи предвид дека согласно вербалните искази при пријавата на настанот, осомничениот подолго време манифестирал агресивно однесување во семејството, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на насилството со несомнени последици врз нормалниот психофизички развој и воспитувањето на децата. Исто така, доколку биде пуштен да се брани од слобода, постои опасност од бегство, со цел да ја избегне кривичната одговорност за стореното кривично дело.

За траумите кои ги доживало и 4-годишното дете но и неговите две малолетни сестри психологот Мирјана Јовановска Стојановска за телевизија 24 вели дека ако не им се пружи психоилошка помош на децата, последиците ќе им останат цел живот.

Насилството врз 4-годишното девојче се случи минатата сабота, а мајата на детето на социјалните мрежи го објави видеото каде татакото брутално го претепува четири годишното дете.