Мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот
Кривична пријава против 39 годишен жител на Скопје за сторени две кривични дела, „убиство" и „тешки дела против општата сигурност". Како што соопштија од Јавното обвинителство, доказите обезбедени до овој момент даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство на свиреп начин.
Лицето го извршило убиството по кратка расправија со жртвата, лишувајќи го од живот оштетениот со повеќе од 45 убодни рани во вратот и телото. По настанот, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која за да му помогне, зела шише полно со гориво и заедно со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство. Главниот осомничен е во бегство додека неговата мајка доби 30 дена притвор.