Мајк Пенс ќе се вакцинира в петок, Џо Бајден идната недела
Foto

Мајк Пенс ќе се вакцинира в петок, Џо Бајден идната недела

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден следната недела најверојатно ќе ја прими вакцината против новиот коронавирус, соопшти преодниот тим на Бајден.

Актуелниот потпретседател Мајк Пенс ќе биде вакциниран пред Бајден, откако Белата куќа објави дека в петок ќе ја прими првата доза на вакцината на јавно место.

Неколку дена претходно, поранешните американски претседатели Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш изјавија дека и ќе бидат вакцинирани.

0 Коментари

Остави коментари