Мајдани повикан во МНР - Добил устен демарш преку заменикот

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Албанија во Македонија, Денјон Мејдани, денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, за да му биде упатен устен демарш поради неговите изјави дадени деновиве.

Мејдани беше активен во јавноста и ја коментираше употребата на албанскиот јазик во Македонија, а тој и ги поддржа протестите за полагање правосуден испит на албански јазик.

Според информациите, во МНР не дошол Мејдани, туку неговиот заменик, кому му била упатена усната реакција околу изјавите на амбасадорот дадени во изминатите денови. За нив било оценето дека се несоодветни и се движат на границата меѓу вообичаената и легитимна дипломатска комуникација и потенцијалното мешање во внатрешните работи во земјата на акредитација.