Маја Вељковиќ-Пановска нова в.д. директорка на Драмски театар
Ајтерката Маја Вељковиќ-Пановска е нова в. д. директорка на Драмски театар Скопје, откако досегашната директорка Катарина Коцевска-Хаџи Василева се повлече од лични причини, соопшти Театарот. Коцевска-Хаџи Василева беше на оваа функција од септември 2019.
Вељковиќ-Пановска дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1993 . По дипломирањето реализира повеќе улоги на сцените на повеќе театри низ Македонија. Од 1999 е вработена во Драмски театар Скопје.