Магла e причината за верижен судар на 63 возила, 35 повредени во несреќата
Foto

Магла e причината за верижен судар на 63 возила, 35 повредени во несреќата

Заради густата магла и голомразица на автопат во источниот дел на Вирџинија дошло до верижен судар во кој учествувале 63 возила, а притоа 35 лица се здобиле со телесни повреди.

Заради сударот, што се случил во утринските часови по локално време, на околу 80 километри источно од Ричмонд, автопатот бил затворен во двата правца.

Како што пренесува порталот nbcnews, несреќата се случила малку пред осум часот по локално време.

Се наведува дека некои лица се здобиле со полесни повреди, но дека има и такви кои се животно загрозени.

Портпаролот на регионалниот Медицински центар на Твитер објавил дека кај нив биле згрижени 25 повредени лица, од кои едно било во тешка состојба.

Полицијата објавила и фотографија од сударот на која се гледаат превртени и смачкани автомобили.

Авторитетите апелираат до возачите да бидат внимателни во возењето, особено на мостовите, заради голомразицата и маглата.

0 Коментари

Остави коментари