Магдебург нов европски шампион во ракомет
Ракометарите на Maгдебург вечрва во Келн го победија Фуксе Берлин со 32:26 во финалето на Лигата на шампионите.
Новиот шампион се насетуваше уште по првото полувреме по предноста на Магдебург со четири гола (16:12)
Фуксе Берлин не успеа да ги обедини трофеите од Бундеслигата и од елитната Лига на шампиони.
Најзаслужен за победата на Магдебург е голманот Сергеј Ернандез со 18 одбрани.
За Магдебург ова е петта титула европски шампион.
Во дуелот за 3. место, Нант со 30:25 ја совлада Барселона која го бранеше трофејот на Фајналфор турнирот во Келн.