Луксуз или реална потреба?
Нова тура на бадеми, лешници, индиски ореви i ф'стаци ќе набавуваат од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија за потребите на владините ресторани.
Јавната набавка која е поделена во три дела, покажува дека за апетисаните предвидени се 650 00 денари. За СДСМ тоа е луксуз, za владата тоа се склучени рамковни спогодби според кои парите нема да се трошат однапред туку само доколку има нарачка.
За опозициската СДСМ, новата набавка на апетисани е луксуз. Оттаму ја обвинија власта дека додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај и се оставени сами на себе да се справуваат со кризата, функционерите не штедат на раскош и уживање.
После милионите евра за манго, папаја и бејби биф, сега дознаваме дека Службата за општи и заеднички работи на Владата троши 180.000 евра за апетисани – бадеми, лешници, ф’стаци и индиски ореви за сласт на власта! Ова е слика и прилика на власта на ВМРО-ДПМНЕ: нема пари за покачување на платите, нема пари за намалување на цените, нема пари за вистинска поддршка на граѓаните, но затоа има пари за нивниот раскош и уживање.
Од Владата пак велат дека ваквите јавни набавки за снабудвање на потребните прехрамбени производи за сите ресторани со кои упрравува СОЗР, се спроведуваат уште од 2021 година.
СОЗР
- Станува збор за рамковен договор, што значи дека средствата не се трошат однапред, туку исклучиво ако има нарачка. Во пракса, често се случува овие средства воопшто да не бидат искористени. Владата останува транспарентна и отчетна во своето работење и секогаш отворена за проверка на сите постапки во согласност со законските процедури.
Во останатите два дела од јавната набавка предвидена е и набавка на пиво, вино, алкохолни и жестоки пијалоци како и колонијални и кондиторски производи, конзервни производи и чаеви.
Јавните набавки за храна и пијалоци за потребите на владините ресторани секогаш предизвикуваат бура во јавноста и револт кај граѓаните.

