Лукман го постигна првиот хет-трик во финалето на Лига Европа по 49 години

Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, синоќа постигна три гола во финалето на Лигата на Европа против Баер Леверкузен (3:0).

Дваесет и шестгодишниот нигериски фудбалер ги постигна головите против германскиот клуб во 12., 26. и 75. минута од натпреварот. 

Лукман стана првиот играч од 1975 година кој постигнал хет-трик во финалето на турнирот. Последен пат тоа му успеало на Јуп Хејнкес, кој играше за Борусија Менхенгладбах (тогаш турнирот се викаше Куп на УЕФА). 

-Една од најубавите вечери во мојот живот. Неверојатни перформанси на тимот, го направивме тоа! Можеме да кажеме трета-среќа, бидејќи ова е наша прва победа во третото финале оваа сезона. Треба да славиме бидејќи вечерва испишавме историја, изјави Лукман по натпреварот.

Аталанта за прв пат во историјата ја освои Лигата на Европа.