Лукаревски: Државата да изгради подобра стратегија за повторно да гледаме македонски филмови и серии како порано

Актерот Ѓокица Лукаревски смета дека орденот кој го доби од претседателот Стево Пендаровски е круна на неговото животно дело. Но, сепак додава дека државата не секогаш со доволно внимание се однесува кон актериите и уметниците воопшто.

Лукаревски за Студио 10 потенцира дека државата треба да изгради подобра стратегија за повторно да гледаме македонски филмови и серии како порано.