Лукаревска за ТВ 24: Специфичен ланец на нафтени компании се обиделе да го изиграат системот - да затајуваат данок
Ланец компании од нафтениот бизнис се вмешани во скандал со затајување данок. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска за Анализа на ТВ 24 откри дека даночните инспектори подолг период ја следат работата и шемата на овие компании, без да посочи некоја една од нив.
ТВ 24 од свои извори дознава дека една од нафтените компании вмешани во оваа афера е од соседна држава. Лукаревска најави дека за најмногу две недели, Управата ќе излезе со прецизни информации за каква шема се работи. Дали овие компании правеле малверзација со Данокот на додадена вредност, таа не сакаше да прецизира.
Пред два дена, Царинските службеници на граничниот премин Ќафасан спречија обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, за кое давачките се помали отколку оние на горивото. Испраќач била фирма од Албанија, а тоа требало да заврши во земјава.