Лукаревска: Со 4,9 отсто дефицит и 68 проценти јавен долг ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во финансиски амбис
„ВМРО-ДПМНЕ успеа за еден месец на власт да сруши стабилни економски политики коишто Социјалдемократскиот сојуз макотрпно ги градеше изминатите седум години во услови на економска и ковид криза“.
„Со буџетот се предвидува буџетски дефицит од неверојатни 4,9% и покачување на јавниот долгот на 68%. Само овие две бројки потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има намера да ја води државата во амбис. Уште со првиот ребаланс, ВМРО-ДПМНЕ го руши она што макотрпно го градевме во соработка со меѓународните финансиски институции, а тоа е стабилен и оджрлив финансиски систем“, изјави Лукаревска.