Лукаревска: Нема да лицитираат со имиња кој ќе го наследи Заев од премиерската и лидерска позиција

Нема да лицитираат со имиња кој ќе го наследи Заев од премиерската и лидерска позиција. Во момент сме фокусирани на зголемување на парламентарното мнозинство, вели Сања Лукаревска заменик претседател на СДСМ.

Многу работи ќе бидат појасни појасни деновите и по она што ќе го договори лидер заев со претседателот на алтернатива Гаши, оценува Лукаревска која во интервјуто за вечерашното издание на Трилинг одговара и на прашањето дали ќе има само реконструкција или новата влада и дали таа е еден од кандидатите за наследник на Заев во СДСМ. 

- Парламентарното мнозинство на СДСМ ќе се зајакне, ќе се зголеми уште повеќе, а со тоа ќе можеме да одиме понатаму, напред во сите оние процеси коишто стојат како предизвик на државата и на владата предводена од СДСМ, истакна Лукаревска.

Со Алтернатива имаме заедничка заложба, а тоа е евроинтегративниот процес, рече Лукаревска, додавајќи дека Алтернатива го препозна прогресивното функционирање  во државата, и се она што и досега беше заложба на СДСМ и нагласи дека во наредниот период сите нејаснотии и дилеми, сите непознати во равенката ќе бидат расчистени.

- Најпрвин да ги видиме сите ефекти што ќе произлезат од средбата на претседателот Заев со претседателот на Алтернатива и од таму ќе можеме да ги црпиме размислувањата понатаму, нагласи Лукаревска.