Луис Хамилтон победи на трката во Шпанија на патеката „Каталуња“
Foto

Луис Хамилтон победи на трката во Шпанија на патеката „Каталуња“

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон победи на трката во Шпанија, негова четврта во низа на патеката Каталуња.

Британецот ја искористи пол-позицијата за да запише нов триумф. Зад него се пласира Макс Верстапен со Ред Бул, а трет беше Валтери Ботас. 

Со четвртата сезонска победа возачот на Мерцедес дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман. До крајот на сезоната, Хамилтон очекува да го достигне рекордот на Михаел Шумахер со седма светска титула. Водено, Британецот по 156-ти пат се избори за подиум и стана најдобриот во историјата во оваа статистичка категорија.

Луис Хамилтон, возачот на тимот на Мерцедес, стартуваше од пол-позицијата по 92-ри пат во една трка во Формула 1. Британецот вчера беше најбрз во квалификациите на патеката Каталонија во Барселона.

Бодови во Барселона денес освоија и Перез, Строл, Сајнц, Фетел, Албон, Гасли и Норис кои редоследно се пласираа од 4-10. место.

Во Генералниот поредок по шест трки во Ф1 шампионатот, Хамилтон ја зголеми предноста на врвот и сега има 132 бода, пред Верстапен кој собра 95 и Ботас со 89.

По една недела пауза, на крајот од август е закажана следната трка за ГН на Белгија.

0 Коментари

Остави коментари