Луис Хамилтон ќе вози во Абу Даби
Foto

Луис Хамилтон ќе вози во Абу Даби

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, се излечи од коронавирусот и ќе настапи на последната трка сезонава, која ќе се вози в недела.

Како што е официјално е соопштено вечерва, Хамилтон  бил негативен на последните неколку тестирања на Ковид 19 и тој ќе се појави на патеката за Големата награда на Абу Даби.

Хамилтон, кој од порано ја обезбеди својата седма титула светски првак во Ф1, ја пропушти трката за Големата награда на Бахреин минатиот викенд поради позитивен тест на коронавирус, а во болидот на Мекларен го замени сонародникот Џорџ Расел.

0 Коментари

Остави коментари