Луѓе што не знаат што значи мирдита им одземаат права на Албанците Здружението албанска академија реагира на ставовите на претседателот на МАНУ

 

Здружението албанска академија реагира на ставовите на претседателот на МАНУ Живко Попов кој според нив значеле одземање на правата на Албанците. Имено од академијата велат дека се  од последниот говор на претседателот на МАНУ, во кој според нов била изразена  опасна опсесија на оваа институција за употребата на албанскиот јазик во некои сфери од јавниот живот, како што се армијата, полицијата, здравството и судовите, реагира здружението на граѓани „Академско здружение на Албанците за наука и уметност – академијата“. Оттаму посочуваат дека -академик Попов ги потврдил претходните изјави на академик Катица Ќулавкова која заедно со група академици и Институтот за македонски јазик, вели дека покренале иницијатива за смена на балансерот и барале од Уставниот суд отстранување на неколку членови од Законот за употреба на јазиците. 

-Нашата академија ова го гледа како продолжување на политиките кои им штетат на интересите на Албанците, како грд процес на политизација на МАНУ, поттикнување на етничката нетрпеливост и доказ за слабата работа и раководство на оваа институција, реагира здружението.