Луѓе излегоа на протест пред Владата против коронавирусот, вакцините и 5г, еден приведен
Група граѓани денеска се собраа на протест против како што велат лажната пандемија, принудното вакцинирање и монтирањето на 5G антените. Велат дека власта ги крши правата и слободите на граѓаните, а од здравствените власти бараат да ги објават имињата на заразените и починатите од коронавирусот. Ги обвинија и медиумите дека шират лажни информации.
Со транспарентни за 5G антените и со развиорени македонски знамиња застанаа пред Владата, каде што дел од присутните одржаа говор.
За време на протестот полицајците неколку пати ги опоменаа присутните да држат растојание и да не се групираат. На крајот од протестот интервенираше и полицијата.
Од МВР соопштија дека против 7 од присутните на протестот се преземени мерки за непочитување на уредбите и мерките за јавен собир и групирање, а едно лице е приведено во полициска станица.
И покрај укажувањата на полициските службеници согласно уредбата на Владата за забрана за групирање, лицата во еден момент излегле од возилата и започнале да се собираат во група не почиутвајќи ги наредбите на полицијата при што против 7 лица се преземени мерки за непочитување на уредбата и мерките за јавен собир и групирање , а едно лице е приведено во полициска станица.
Од МВР дополнително велат дека против лицата се поднесени соодветни поднесоци.