ЛШ: Шок за Јуве во Торино, Сити се истури врз Шахтјор, Реал распука во Плзен

Со одигрувањето на натпреварите од сегментот Е-Х синоќа беше заокружен четвртиот круг во фудбалската Лига на шампиони.

Најинтересниот синоќешен меч во Торино, меѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед донесе неочекуван пресврт и победа на „Црвените ѓаволи“ од 1:2. Јувентус во вториот дел поведе со 1:0 со голот на Роналдо по што до крајот следуваа 2 погодока за Јунајтед за шокантен пораз за „Старата дама“.

Од дригите мечеви за издвојување се високите победи на Реал во Плзен и Сити дома против Шахтјор. Ефикасен натпревар се одигра и во Лион.

Резултати:

ЦСКА Москва – Рома 1:2

Валенсија – Јанг Бојс 3:1

Баерн – АЕК 2:0

Бенфика – Ајакс 1:1

Јувентус – Манчестер Јунајтед 1:2

Олимпик Лион – Хофенхајм 2:2

Манчестер Сити – Шахтјор 6:0

Викторија Плзен – Реал Мадрид 0:5.

Табели:

Е-група: Баерн 10 бода, Ајакс 8, Бенфика 4, АЕК 0.

Ф-група: Манчестер Сити 9, Лион 6, Хофенхајм 3, Шахтјор 2.

Г-група: Рома 9, Реал Мадрид 9, ЦСКА Москва 4, Плзењ 1.

Х-група: Јувентус 9, Манчестер Јунајтед 7, Валенсија 5, Јанг Бојс 1.