ЛШ: Порто го совлада Јувентус, гостински триумф на Борусија во Севилја
Foto

ЛШ: Порто го совлада Јувентус, гостински триумф на Борусија во Севилја

Порто со предност од 2:1 ќе патува на реваншот против Јувентус на деветти март во Торино, во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а победа во првиот натпревар од нокаут фазата вечерва обезбеди и Борусија Дортмунд, триумфирајќи над Севилја на гостински терен со 3:2.

Португалскиот шампион стигна до победата со голови во воведните минути на двете полувремиња, преку Мехди Тареми (2) и Муса Марега (46), пред Федерико Киеза во 82 минута да ги зголеми шансите на Јувентус за евентуален пласман во четвртфиналето.

Како и на мечот во Порто, и Борусија Дортмунд на гостувањето кај Севилја испушти предност од два гола во финишот на мечот.

Домаќините поведоа преку Сусо (7), но Борусија направи целосен пресврт до крајот на полувремето, предводена од двојниот стрелец Ерлинг Халанд (27, 43), откако претходно Махмуд Дахуд го израмни резултатот, во 19 минута. Лук де Јонг во 84 минута ги постави конечните 2:3.

0 Коментари

Остави коментари