ЛШ: Арсенал и ПСВ во осминафиналето
По средата, познати сѐ уште две екипи кои се пласираа во осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони, тоа се Арсенал и ПСВ Ајндховен.
Наполи остана на прагот да влезе меѓу шеснаесетте најдобри, а тоа ќе мора да го осигура во последното коло на домашен терен против Брага. Во петтото коло од групата Ц, Наполи беше поразен во Мадрид од Реал со 2:4, додека Брага како домаќин одигра 1:1 против Унион Берлин.
Реал сигурно е прв во групата Ц, а Наполи има три бода повеќе од Брага, а го победи португалскиот тим во 1. коло на гостински терен со 2:1.
Во групата Д, уште пред претпоследното коло, беше јасно дека натаму одат Интер и Реал Сосиедад, а во петтото коло Интер беше на пат кон убедлив пораз на стадионот „Луж“ во Лисабон. Последнопласираната Бенфика водеше со 3:0 на полувремето, но делот заврши без победник 3:3.
Во последното коло ќе се решава и победникот од оваа група бидејќи Интер и Реал Сосиедад имаат ист број бодови. Реал Сосиедад одигра 0:0 против РБ Салцбург во 5. коло на домашен терен.
Претходно во оваа група, Севиља прокоцка домашно водство од 2:0 против ПСВ. Андалузијците на крајот беа поразени со 2:3, но сепак можат да стигнат до третото место и Лигата на Европа. За таа цел треба да го победи Ланс на гости, во последното коло.
Пред среда осминафиналето од Лигата на шампионите обезбедија Баерн, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Интер, Манчестер Сити, Лајпциг, Барселона, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид и Лацио.