Лозарите се жалат дека немаат вода, тиквешката подружница демантира
Foto

Лозарите се жалат дека немаат вода, тиквешката подружница демантира

Тиквешката подружница на Водостопанство реагира - неточни се наводите на првиот човек на Напредни Лозари Трајче Кулев дека поради неодржување на системот, Водостопанство не доставувувало вода за наводнување на лозјата во тиквешијата.

Според ова јавно претпријатие, тие од срдината на април редовно ги снабдувала со вода сите корисници, освен во краток период кога вршеле поправки. Од Водостопанство велат дека сушата била главен виновник за намалениот капацитет на вода, но повторно вината ја префрлуваат на корисниците, кои имале зголемени потреби од наводнување, кои ги надминувале капацитетите на хидросистемите и постројките за наводнување.

- На поедини делови се појавија одредени проблеми како резултат на намалената количина и недоволен доток на вода од реките и микро акумулациите во системите за наводнување, поради што не постои можност за испорака на вода до одредени земјоделски површини и култури, како што е случајот со каналите за наводнување  К-1 и К-2 од Хидросистем Бошава. Сепак и покрај високите температури и сушата, подружница Тиквеш континуирано испорачува  количина на вода од 12,50 m3/сек за потребите на наводнувањето.

Од друга страна, претседателот на здружението Напредни лозари стои на ставот дека вода на лозјата немало во доволни количини, а дека за тоа е виновна тиквшката подружница на Водостопанство.

Кулев завчера предупреди дека лозарите повторно ги чека тешка откупна сезона, а причините за тоа се повеќебројни - сушната година и недостигот од вода, ниските цени објавени од некои винарии, но и односнот на Владата кон нивното здружение, кое го прогласило за нелегитимно за преговори. Кулев најави дека поради ова, активностите на здружението Напредни лозари ќе ги стави во мирување.

0 Коментари

Остави коментари