Локалните акциски групи од земјава бараат поголема поддршка од државата

Поголема поддршка од државата во реализацијата на програмските активности. Вака побаараа преставниците на локалните акциски групи на саемот Лаг Експо 2022 во Радовиш организиран од македоснката и балканската мрежата за рурален развој а подржан од програмата на УСАИД за развој на заедниците. Петар Ѓеоргиевски смета дека иницијативи од локалните заедници има но ќе мора МЗШВ да посвети поголемо внимание на локалните акциски групи за да се унапреди руралните средини и да не се иселуваат младите.

ЛАГ Плачковица функционира веќе 4 години. Зад себе имаат реализирано проект за енергетска ефикасност во општините Конче Карбинци Радовиш и Штип а сега работата на партерно уредување на центарот на селото Сурдулица. Столе Ѓеоргиев смета дека платежната агенција ќе мора да биде пофлексибилна за да се реализираат иницијативите кои доаѓаат од локалните заедници.

Во земјава постојат вкупно 13 локални акциски групи од кои 9 веќе се регистрирани при МЗШВ и функционираат . Во овие групи на одреден регион учествуваат локални самоуправаи, грагански организиции и бизнис сектор кои и паралелно и  партиципираат со средства и работна рака при реализација на одредени локални иницијативи.