Локални избори 2025: Мицкоски пртокнижи 55 градоначалници, но во Скопје не стигна до 100000 гласа, дебакл на Ахмети и Филипче, историска најмала излезност
ВМРО-ДПМНЕ триумфираше со 55 градоначалнички фотелји на локалните избори - но во Скопје, Орце Ѓоргиевски стана градоначалник со најмала поддршка во последните 2 децении.
Вториот круг од локалните избори се заокружија со 21 градоначалничко место на ВМРО ДПМНЕ плус градот Скопје, Коалицијата ВЛЕН со 4, најголемата опозициска партија СДСМ со само 3 места, Унија на Роми 1 место и партијата ЗНАМ – 1 градоначалник.
Коалицијата Вреди и владиниот партнер на Мицкоски, овие избори ја декласираше ДУИ со 9 градоначалнички меса наспроти 5те на Коалицијата НАИ предводена од Али Ахмети.
Новиот прв човек на метрополата во земјата -Скопје, Орце Ѓоргиевски, победата ја прослави триумфално, но не стигна до 100 илјади гласови на вториот круг од локалните избори. Издвои победа со 95.572 гласови над Амар Мециновиќ од Левица кој освои 61 475 гласови. Ѓоргиевски доби само 4 илјади гласови плус, од првиот круг - каде освои 91 663 гласа. Не ги доби гласовите ниту од коалициниот партнер ВРЕДИ, кои пак, во првиот круг однесоа скоро 30 илади гласови со навниот кандидат Башким Бакиу.
Ѓоргиевски освои победа и со досега најниски резултати во последните 20 години, за разлика од претходните градоначалници : Арсовска, Шилегов - Трајановски и Трифун Костовски - кој досега имаше најниски резултати, но за разлика од новиот градоначалник Орце Ѓоргиевски, во 2005та имал за околу 600 тина гласови повеќе.
Партијата Левица не освои ниту еден градоначалник на овие избори, но сепак славеше - Амар Мециновиќ ги дуплираше гласовите од првиот круг . Мециновиќ однесе победа над Ѓоргиевски во општините Карпош и Центар.
Кичево за прв пат после 12 години доби градоначалник од македонскиот блок – ВМРО ДПМНЕ предводена од кандидатот Јовановски победи со 14 228 гласови, во трката со Дехари од коалицијата НАИ предводена од ДУИ.
Во општината Кочани каде годинава се случи - незапамтена трагедија и однесе 63 човечки животи, победи кандидатот на коалицијата ВМРО ДПМНЕ. Во Шуто Оризари, каде во вториот круг се гласаше и на три места за советнички листи - победи Унија на Ромите, а Курто Дудуш победата ја прослави со круна на главата.
Локалните избори 2025та ги обележа и историски најниска излезност која не стигна ниту до 50 проценти. Во вториот круг најголема излезност има во Росоман и Лозово, а најмала во Куманово и Шуто Оризари.
Излезноста во вториот круг во Скопје изнесуваше само 35 проценти. Најголема излезност има во Карпош и Центар, каде се гласаше и за општински градоначалник во втор круг, додека најниска излезност има во Сарај и Чаир, каде се гласаше пак само за градоначалник на град Скопје.
Во вториот круг од изборите беа регистрирани скоро 30 илјади неважечки ливчиња или 19 285 вкупно во општините и 10 528 во главниот град. На официјалната страница на ДИК може да се забележи и дека неважечките ливчиња во дел од општините можеле да го променат конечниот резултат и да има друг победник – како на пример во Карпош, каде победи Сотир Лукровски со 1134 гласови повеќе , а неважечки ливчиња има 2834.
На изборите не беше постигнат потребниот цензус за 4 општини- Гостивар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше. За нив ќе биде отворена нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати.

