Локална трка со централни последици
Foto

Локална трка со централни последици

Локална трка со централни последици - сите очи впререни во недела. Оставка на Заев, нов премиер, ново мнозинство, окрупнет владејачки блок или пак предвремени парламентрани избори? Зоран Заев и Христијан Мицкоски во офанзива, Али Ахмети единствен кој ги покачи гласовите од 2017, но над главата му виси демокливиот меч во Тетово и Гостивар, Зијадин Села и Африм Гаши пак иако се во надолна линија со гласовите - ставаат се' на победа во Гостивар и Чаир.

Во последната 24 анализа пред вториот изборен круг ги анализираме последиците на централно ниво од исходот на изборите на локално.

Гости се претставници на партиите кои освоија најмногу гласови на последните парламентрани избори Тимчо Муцунски ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Каевски СДСМ, Арбр Адеми ДУИ, Башким Бакиу, Алијанса за албанците и Алтернатива.

0 Коментари

Остави коментари