Локализиран е пожарот во кругот на ОХИС
Foto

Локализиран е пожарот во кругот на ОХИС

Пожарот кај фабриката „Охис“ е ставен под контрола, потврди заменик командирот на скопската пожарна Звонко Томески. Тој информира дека најверојатно постојат три точки каде што е започнат пожарот, како и дека моментално се работи на негово догаснување.

Не постои опасност за жителите на општината Кисела Вода, ниту за Градот Скопје, бидејќи пожарот е локализиран. Најголем дел од хемикалиите веќе се отстранети од „ОХИС“ и од дворот на фабриката, изјави попладнево градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски.

Според Темелковски кој беше на опожарената локација, линданот е на безбедно место.

- Среќна околност е и што навреме реагираа противпожарните единици на Градот Скопје. Од информациите што ги имаме од луѓето кои ги контактиравме во меѓувреме, линданот е на длабочина до која не може да допре огнот, така што нема во моментов опасност и од пожар таму, истакна Темелковски.

Ѕвонко Томевски, заменик-командир на Противпожарната бригада која со четири возила се вклучи во гасењето на пожарот во „ОХИС“, изјави дека сега се работи на догасување. Тој не  можеше да прецизира од што избувнал пожарот. Во кругот на фабриката виделе само дека гори на три независни места.

- Испратени беа првично две возила кои почнаа со гасење, додека стигна останатата помош ни требаше малку време за да го сузбиеме целиот тој пожар. За жал, имаме колега кој вдишал малку повеќе чад, се надевам дека ќе биде добро, немаме информација. Пожарот мора да се догаси, да се расчисти теренот, па потоа да се види какво оштетување има на лице место, рече Томевски.

 

0 Коментари

Остави коментари