Локализиран е големиот пожар над Кочани
Foto

Локализиран е големиот пожар над Кочани

Локализиран е големиот пожар над Кочани што синоќа поради ветрот се закануваше да се префрли и на првите куќи. Дежурни екипи сеуште се на локацијата за да се спречи негово повторно разгорување.

Според очевидците и пожарникарите чадот од запалените површини поради ветрот како облак го обвило целиот град. Состојбата била особено опасна, бидејќи пожарникарите од Кочани,  веќе гаселе пожар кај селото Бање, па за оваа интервенција биле повикани колегите од Штип. Изгорени се околу 20 хектари, од кои десетина се под борова шума.

Пред една недела во близина на оваа локација изгореа 10 хектари шума. Кочанската протиовпожарна единица со години бара зголемување на бројот на пожарникари, кој е под законскиот минимум.

0 Коментари

Остави коментари