Лога и Манев во клинч за (не)функционирањето на кумановскиот суд

Не сакам да се впуштам во таа невистина што ја кажува Министерот за правда Кренар Лога  за работата на  основниот суд Куманово, човекот не го познавам и не ми јасно која му е цалта, вели денеска  за ТВ 24 претседателката на судот Снежана Манев.

Откако вчера миностерството за правда излезе со соопштение во кое укажува за низа неправилности на работата на кумановскиот суд. Според Манев  судот пет години работи успешно и функционалноста на АКМИС е во ред. 

Од другстарана од министерството за правда пак информираат дека за време на надзорите во Основниот суд Куманово, укажувало на несоодветно архивирање на предметите, но мерки не биле преземени од нивна страна. Само за време на  надзорот од страна на претседателот на судот била истакната забелешка дека овој процес ќе биде тежок за реализација затоа што судот располагал само со двајца службеници во архивата

- Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС-системот во судовите при Министерството за правда последниот надзор врз работата на Основниот суд Куманово го изврши на 6 јуни при што беше констатирано следново:

- Судската архива е сместена во подрумските простории.

- Архивирањето на предметите било завршено заклучно со 1971 година.

- Нема континуирано архивирање на предмети. 

Министерство за правда

Од ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска прашуваат дали пожарот во судот во Куманово опфатил и документи за нив или ним блиски лица? Што е уништено, а што останало, очигледно со оваа власт нема да дознаеме.

Инаку состојбата во основниот Суд Куманово по пожарот што изби вчера се уште се контролора, вработените се дома се викаат по потреба. Увид вештаците се очекува да направат утре, бидејки сè уште не небезбедно да се влегува во подрумските простории. 

Во увидот во кумановскиот суд, покрај шефицата на кумановското обвинителство, Бедиу Рамадани, треба да учествува и дежурен обвинител од ОЈО Куманово,  обвинител од Скопје за да се одбегне судир на интереси бидејќи кумановското обвинителство е сместено во истата зграда. Ќе учествуваат и екипи од СВР Куманово, крим-техника, инспектор за пожари и вешто лице електроинженер.