Лоазо: Посветете се на реформите, имате поддршка од Франција
Foto

Лоазо: Посветете се на реформите, имате поддршка од Франција

Франција го потпиша протоколот за нато и се радува што ќе бидеме сојузници во рамките на Северноатлантската алијанса. Што се однесува до пристапните преговори за Европската Унија, тие ќе се отворат откако земјата ќе ги исполни сите критериуми, порача француската министерка за европски прашања Натали Лоазо.

„Франција отсекогаш ја поддржувала Република Северна Македонија, а сега посакува повеќе од кога и да било да ја види зајакната и интегрирана во регион на мир и на развој. Последните две години Скопје направи извонреден напредок за регионалното помирување и благодарение на храбрите одлуки за кои знаеме дека беа болни, се надмина историскиот спор со Грција. Оваа храбра одлука, договорот од Преспа, овозможи да се потпише протоколот за членство во НАТО и претставува огромен напредок за безбедноста на Северна Македонија“, нагласува министерката Лоазо.

 

0 Коментари

Остави коментари