Ллидерите на ЕУ постигнаа договор: Усвоен буџет од 1 билион и 824 милијарди евра
По пет дена тешки преговори, со зборот „Договор“ на твитер, Шарл Мишел стави крај на самитот на ЕУ. Лидерите на земјите членки на Унијата конечно постигнаа компромис за парите. Пакетот е во рекордна вредност од 1,8 билиони евра.
Во седумгодишниот буџет влегуваат 1074 милијарди евра, а останатите се за борба против пандемијата. Фондот за опоравување од последиците на Ковид-19 е вкупно 750 милијарди евра - 360 милијарди се предвидени за кредити, а 390 милијарди евра за неповратна помош на земјите-членки.
Тандемот Меркел - Макрон, задоволни.
„Ова е важен сигнал преку европските граници за тоа дека ЕУ, и со сите (земји-членки на ЕУ) со различна позадина, е способна да преземе акција.“ - изјави Меркел.
„Мислам дека многу легитимно можеме да славиме. Не постои такво нешто како совршен свет, но постигнавме напредок.“ - изјави Макрон.
Иако преговорите завршија со намсевки на лицата во Брисел, сепак на озборувањата и пикантериите им немаше крај. Макрон го озборуваше Курц. А Виктор Орбан вчера на новинарите им кажа дека холандскиот премиер Марк Руте го мрази, поради барањето финансирањето да се поврзе со владеење на правото.
Лодрите мораа да проголтаат голем дел од тешките зборови изречени претходно, земјите- членки се офајдија со добра економска поткрепа. Италија како една од најпогодените од корона кризата ќе добие околу 28 проценти или 209 милијарди евра, од 750 милијарди тешкиот план. Задоволни и останатите - Романија добива 80, Бугарија 29, Хрватска 22 милијарди евра. И јужниот сосед задоволен, Мицотакис во Атина се враќа со пакет над 70 милијарди евра. Ципрас бараше долго време заеми од Унијата, но дури сегашната грчка влада ги доби.
Во меѓувреме што добива Западен Балкан и земјите од проширувањето? Колку пари од колачот ИПА 3 ќе бидат пренаменети за Македонија и кои се приоритетите ?
„Значајно помало од она што го имавме претходно и од она што се надевавме дека можеме да го имаме. Од истиот тој документ можеме да имаме 5 приоритети кои што се владеење на право, демократија, почитување на човековите права, подобрување на управувањето и јавната администрација, економски и социјален развој, прекугранична соработка. И се гледа од заклучоците на советот на Европска Унија од лани, дека фокусот ќе биде на она што сега во новата методологија ќе биде основи или фундаментали, но секако се планирани инфраструктура, подобрување на конкурентноста на малите и средните претпријатија, но секако треба да го почекаме финалниот документ.“ - вели Стефан Ристески ЕПИ.
Засега буџетскиот компромис на ЕУ лидерите преминува во рацете на Европскиот Парламент за зелено светло, а претседателот Давид Сасоли најави „подобрување” на пакетот. Во четврток европратениците ќе одржат вонредна пленарна седница, но и покрај амбициозноста на одредени структури, пратениците нема да имаат многу простор за маневрирање за да не се отежни дополнително економската состојба на земјите-членки.