Љутков: Остварени се средби помеѓу министерството за култура и синдикатот за култура
Министерството за култура ќе постапува согласно пресудата донесена пред еден месец што ја добиле синдикалците. Министерот Љутков вели дека имало неколку средби со синдикалците уште пред месец март на кои се разменувале мислењата на двете страни кои што биле различни.
Претседателката на синдикатот на културни работници Вера Атанасовска појаснува дека им се крати од плата без за тоа да има основ. Потенцира дека на овој начин Министерството за култура и туризам покажува игнорантски однос.
Според синдикалната организација која има над 1500 членови досега се поднесени повеќе од 1000 приговори, од кои повеќе од 200 биле усвоени на управните одбори, а за 800 пак сеуште нема усвојување за кои организацијата поведува судски процеси.

