Љутков: Младите, културното наследство, дигитализацијата и филмот меѓу приоритетите во стратегијата за култура
Напишана и разработена на 117 страници, заедно со Акцискиот план, Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026-2030 се фокусира на неколку клучни сегменти, фокусот е ставен на младите, културното наследство, дигитализацијата и филмот. Нацрт- текстот денеска беше презентиран.
Министерот Зоран Љутков посочи дека ќе с еправи оптимизација и професионализација на кадарот , наместо отпуштања ќе има интеграција на кадарот кон националните установи.
Во делот на заштитата на културното наследство, Стратегијата, предвидува дигитализација на движното и недвижното културно наследство, ревалоризација на заштитените објекти и локалитети, спречување на нелегална трговија, ножност за вклучување на приватниот сектор во ревитализацијата на одредени објекти. Ќе се цели кон тоа наследството да не биде само „чувано“ туку да стане самоодржливо преку културен туризам.
Оваа стратегија покрај дигитализацијата предвидува и поврзување со туризмот за поттикнување на економскиот развој. Целта е културата да се трансформира во модерен бренд и значаен двигател на државниот имиџ. Но, клучно прашање е дали оваа Стратегија ќе биде соодветно финансиски можна за да се спроведат сите активности или сепак ќе наиде на ограничени буџетски средствва, особено во делот на дигитализацијата и одржувањето на инфраструктурата.

