Љупчо Палевски Палчо екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, донесен во Македонија. Палевсски слета на скопскиот аеродром по што директно треба да биде спроведен во Истражниот затвор Скопје. Тој беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па преку Бугарија стигна во Турција. Турската полиција го уапси во Баликесир.