Љубовна плима
Потребен е само еден поглед, еден допир, еден бакнеж за да сфатите дека сте запознале личност која засекогаш ќе ви го промени животот. Таков е случајот со младите Џејк и Ајлин кои таа кобна вечер се упатија кон „Песочната дина“. Песочната дина, шармантен приморски ресторан на брегот на Тексас, е местото каде што се случуваат најнеочекуваните работи. Тука судбината неизбежно интервенира во животите на двајца млади луѓе, Ајлин и Џејк. Поради несреќен сплет на околности, два сродни духови се принудени да се разделат. Меѓутоа, многу години подоцна, судбината интервенира во нивните животи кога случајно ќе се сретнат повторно. Тие двајца пораснаа во многу различни, успешни луѓе. Ајлин и Џејк се обидуваат да продолжат понатаму и да го премостат јазот помеѓу минатото и сегашноста.