Ливерпул оди понатаму, Интер му направи услуга на Тотенхем
Foto

Ливерпул оди понатаму, Интер му направи услуга на Тотенхем

Ливерпул со 1-0 го победи Наполи и благодарение на подобрата гол разлика оди понатаму во Лигата на шампионите заедно со ПСЖ, Наполи ќе игра во Лига Европа каде што ќе биде и Интер кој не успеа да го совлада ПСВ на свој терен. Ливерпул го доби дербито со Наполи со само еден гол, исто како и Наполитанците што славеа во Италија со 1-0. Двете екипи ја завршија групата со ист број на бодови, но благодарение на повеќе постигнати голови Англичаните одат понатаму. Клучниот момент сеслучи во 34. минута кога Салах постигна гол за Ливерпул од 1-0 и тоа се покажа и како конечен резултат.

ПСЖ не дозволи изненадување на гостувањето во Белград, ја победи Црвена звезда со 4-1 и го завери пласманот во следната фаза од Лигата на шампионите. Кавани, Нејмар, Мбапе и Маркињос ги постигнаа головите за францускиот шампион, Гобељиќ реализираше за Црвена звезда. Интересно беше и во групата Б каде што Интер не успеа да го победи ПСВ на свој терен и не обезбеди осминафинале во Лигата на шампионите.

Интер напаѓаше уште од почетокот, но ПСВ со гол на Лозано во 13. минута поведе со 1-0, Интер изедначи преку Икарди во 73. но не успеа да направи и комплетен пресврт. Ремито немаше да биде толку болно ако Барселона го победеше Тотнем, но Англичаните одиграа 1-1 и одат понатаму. Барса поведе со прекрасен гол на Дембеле уште во седмата минута, а Тотнем до голем бод дојде на пет минути до крајот на натпреварот.

Борусија Дортмунд со 2-0 го победи Монако на негов терен, немаше голови на мечот меѓу Клуб Бриж и Атлетико Мадрид. Претходно Порто со 3-2 го совлада Галатасарај во Истанбул, а Шалке со 1-0 беше подобар од Локомотив Москва.

0 Коментари

Остави коментари