Ливерпул домаќин на Борнмут на отворањето на премиерлигашката сезона 2025/26

Актуелниот фудбалски шампион на Англија, Ливерпул, одбраната на трофејот ќе ја почне на домашен терен со Борнмут. Натпреварот е закажан за 15 август и со него ќе биде означен почетокот на сезоната 2025/26. 

Двојките за другите натпревари од 1.коло се:

16 август, сабота:
Астон Вила – Њукасл
Брајтон – Фулам
Нотингем Форест – Брентфорд
Сандерленд – Вест Хем
Тотенхем – Барнли
Вулверхемптон – Манчестер сити.

недела, 17 август:
Челзи – Кристал Палас
Манчестер јунајтед – Арсенал.

понеделник, 18 август:
Лидс – Евертон.

Последното 38. коло ќе се одржи на 24 мај 2026 година. Во првенството ќе се одиграат вкупно 380 натпревари.