Листата ќе се ажурира со нови лекови, од кога ќе се користат никој поим нема

Ажурирање на позитивната листа на лекови после 13 години. Комисијата формирана, но кога граѓаните ќе можат да стигант до нив-никој нема поим.

Министерот за здравство најави дека Комисијата ќе се состанува двапати месечно и ќе ги разгледува барањата од фармацевтските компании, а потоа тој и управниот одбор на Фондот за здравство ќе дадат одговор, дали лекот ќе се најде на позитивната листа.

Тимот го сочинуваат претставници од претставници од министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови, доктори специјалисти. Министерот вели дека не може да се одреди тајминг, работите ќе се одвивале спонтано по апликација на фармацевтските компании.

Претседателката на стручната Комисијата, Љубица Шутуркова вели дека Комисијата ќе работи според правилник, кој е усогласен со европските правилници кои се со години на сила. Нагласи дека ќе има бодување според одредени критериуми..Одговори дека ретките болести не се предмет на оваа комисијата.

Последните три години околу 80% од пациентите со цистична фиброза немале направено компјутерска томографија. Пред неколку дена, сите лица направиле снимки затоа што тоа е основен критериум за добивање на трикафтата. Одговор од здравствените власти нема за тоа до каде е навбавката на лекот, но и дали списокот од првичните 12 ќе се проширува.

Пред само неколку дена и лицата со хепатит б лично му кажаа на Меџити дека очекуваат нивата терапија да се најде на позитивната листа.