Линхарт - Османи: Македонија заслужува отворање на преговорите со ЕУ

Официјална Виена бара ЕУ да почне преговори со Северна Македонија во декември. Тоа прашање се  поставува интензивно пред партнерите во Унијата, изјави министерот за европски и меѓународни работи на Австрија, Михаел Линхарт на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според Линхарт, оној кој го исклучува Западниот Балкан, ја ослабува Европа. Тој оцени дека започнувањето преговори во декември не е важно само за Северна Македонија и за Албанија, туку тоа може да има позитивни влијанија за целиот регион на Западен Балкан.

Шефот на македонската дипломатија Османи рече дека декември сѐ уште останува добар прозорец за отпочнување на преговорите со ЕУ. Османи смета дека земјава била конструктивна во однос на преговорите со Софија за решавање на спорот. 

Деновиве во посета на Македонија беше и министерот за надворешни работи на Холандија Марк Руте кој рече дека прашањето меѓу Софија и Скопје е билатерално и не треба да ги запира пристапните преговори и дека тоа е мислење и  на сите други земји членки на ЕУ.

Официјална Софија го блокира македонскиот европски пат поради несогласувања поврзани со историјата и потеклото на македонскиот јазик, што земјава ги смета за прашања кои навлегуваат во идентитетот.