Лимани за ТВ 24: Докторите мора да бидат дел од политиката ако сакаме добри здравствени политики
Доктор Валбон Лимани во емисијата 24 анализа рече дека приказната за учеството на лекарите во политиката се гледа од две призми. Лекарите најдобро знаат што му треба на нашето здравство и подобрите услови се имплицираат од здравствените политики кои креира државата во однос на министерството за здравство.
- Логично е докторите дабидат вклучени во креирањето на таквите политики со цел да им пружат подобри здравствени услуги на граѓаните. Граѓаните имаат доверба во докторите и политичките партии не ги искористуваат за изборите. Граѓаните попрво би гласале за докторите кои ги сметаат дека се добри во својата професија и можат успешно да се справат во улогата на пратеник или министер. Докторите мора да бидат дел од политиката ако сакаме добри здравствени политики. - вели Лимани.