ЛИЛЕ СТЕФАНОВА 5 ЧАСА НА РАСПИТ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

Она што година ипол јавноста не го знаеше за Империја, обвинителката Лиле Стефанова како сведок го раскажувала пет часа на распит кај колешката Ивана Трајчева. Стефанова на излегување само потврди дека споделила се што знае, без да открие детали.

Не одговори на бројните прашања, а го искоментира единствено дека бизнисменот Ванчо Чифлиганец не ја демантирал кога открила дека преку него Камчев и Панделевски сакале да влијаат да се запре Империја.

Пред јавноста веќе се одбрани писмено, кога за неа зборуваат Камчев и Јовановски, во една од бомбите на италијанскиот Ла Верита.

Во петокот обвинителката Лиле Стефанова писмено образложи дека точно пред една година ббизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски преку нејзиниот пријател Чифлиганец, се обиделе да ја запрат постапката за Империја. По овој настан на колегиум ги известила останатите обвинители. Стефанова тврди дека била против да се укине притворот на Камчев во декември лани, и да им се вратат пасошите нему и на Панделевски, но Катица Јанева одлучила спротивно. Стефанова е втора обвинителка од СЈО која сведочи за случајот Рекет. Вчера даваше исказ и Елизабета Јосифовска, заменичката на Јанева која по нејзин налог потпишала да му се врати пасошот на Камчев. Според информации на ТВ24 од обвинителството, Вилма Русковска во четврток се враќа од одмор, а наредната недела Катица Јанева е планирана за распит. Кривичниот совет, на барање на обвинителството денеска им ги продолжи притворите на Боки 13 и Зоран Кичеец за уште триесет дена.