Ликвидирани напаѓачи во Тел Авив
Четири лица загинаа, а седум се ранети во престрелка синоќа во областа Јафа во Тел Авив, соопшти израелската полиција. Полицијата соопшти дека имало двајца напаѓачи и двајцата се „неутрализирани“.
Полицијата додаде дека ситуацијата е „под контрола“. Властите претходно ова пукање го нарекоа „сомневање за тероризам“ насочено кон еврејски жители.
Полицијата соопшти и дека се известени семејствата на загинатите.