Лидија Трипуноска: Кај жените-менаџерки има позитивна енергија и во пандемија, горда сум споив 250 од нив
Foto

Лидија Трипуноска: Кај жените-менаџерки има позитивна енергија и во пандемија, горда сум споив 250 од нив

„Ова е најголемата криза (пандемијата) со која сум се соочила, иако ние сме општество кое постојано е во кризи. Постојат бизниси кои се стопирани во своето работење. Клубот е формиран пред 5 години за да им овозможи на жените помош, поддршка, за соработка, а оваа мината година најмногу се покажа токму тоа. Правиме напори да покажеме како да се отворат странските пазари за нас. Надежта со влегувањето во НАТО е зголемена, пандемијата си го направи своето. Со позитивна енергија мора сами да ги засукаме ракавите и да најдеме решение, кај жените менаџерки има позитивна енергија. Правењето на јубилејниот проект го можат само позитивни личности, жени што сум ги обединила во овие 25 години - 250 жени менаџерки“ - вели Лидија Трипуноска-генерална менаџерка на агенцијата „Марили“ во Студио 10 на ТВ24.

 

0 Коментари

Остави коментари